Бектеши: Нема повеќе помош за компаниите кои земаа државни пари, а не им исплатија плати на работниците

од Nikola Popovski
416 прегледи

„Оние компании кои ги злоупотребиле парите од државата, не треба да добијат повеќе помош“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши за емисијата „Вин-вин“.

„Компаниите кои се објавени од страна на УЈП да не можат да аплицираат за да добијат помош, а ако треба, за нивните вработени ќе се грижи државата“, рече Бектеши.

Тој вели дека треба да се постават критериуми во делот на аплицирање на мерките со што, компаниите кои се објавени од страна на Управата за јавни приходи нема да можат да аплицираат за дополнителни мерки.

„Доколку треба нивните вработени ќе ги згрижи Владата директно, како што најави и Лукаревска денеска со блокирање на нивните сметки и со префрлување на средствата директно на вработените во тие компании“, додава Бектеши.

Слични содржини