Бектеши: Нема веќе леб од 52 денари, зејтин може да се најде и под 100 денари

од Nikola Popovski
294 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека веќе има поевтинување на основните прехранбени производи.

-Нема веќе леб од 52 денари, како што се правеа овде драми во Медија центарот на Владата. Дури и „Жито лукс“ ги намалува цените.  Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Можеш да најдеш и под 100 денари во одредени маркети, во зависност од производите. Ние секогаш сме викале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 посто и ако одиш по листата на производите, кои се во одлуката, да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има. Ние сме биле многу отворени и транспарентни во однос на граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Слични содржини