Бев многу јасен да придонесеме во делот на справување со кризата и да ги информираме граѓаните. Јас ја разбирам вашата поента да направите сензација и во делот на вести. Јас не се нервирам, но морам да завршам бидејќи овие работи се сензитивни и граѓаните сакаат да имаат соодветни одговори, вака одговори министерот за економија Крешник Бектеши на новинарско прашање на денешната прес-конференција откако еден новинар му рече „не се нервирајте“.
Според него, „не е важно каде пазари тој, туку поважно е на ниво на државата да има намалување на цените на основните прехранбени производи“.
-Вие како новинар можете да одите и да истражувате дали има намалување на цените во наредните 10 дена. Како што барате одговорност од институциите, во нашата држава одговорни се и компаниите и целото општество. Затоа треба сите да придонесеме за справување со економската криза и на точен начин да ги информираме граѓаните, рече Бектеши.