Бектеши очекува 2022 да биде година на економско закрепнување

од Nikola Popovski
232 прегледи

Министерот за економија, Крешни Бектеши упати честитката до граѓаните во пресрет на Новата година и посака 2022 година да биде среќна и бериќетна за сите, да преовладува љубовта и разбирањето меѓу луѓето.

-Годината што ја оставаме зад нас, ни донесе многу предизвици кои ги надминавме со меѓусебна поддршка.

Се надевам дека следната година ќе биде година на економско закрепнување после сите удари и негативни последици кои ги предизвика пандемијата COVID-19, овој невидлив непријател кој сè уште е присутен и опасен!

Со голема посветеност ќе продолжиме максимално да се ангажираме да ја надминеме што побрзо енергетската криза која ги зафати повеќето земји во светот!, се вели во честитката на Бектеши.

Слични содржини