Бектеши: Од полноќ очекуваме поевтини горива

од Nikola Popovski
296 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека од полноќ се очекува повторно поевтини горива.

-Околу 54% од цената која се формира зависи целосно од цените на светските берзи. Во делот на маржите што ги имаат трговците на мало и големо е околу 4 до 6% и другото се давачки кон државата. Од вечерва очекуваме ново намалување на цената на дизелот, и според нашите анализи и пресметки цената треба да биде поевтина за над 5 денари, рече Бектеши во емисијата „10 минути“.

Според него, конечната одлука ќе ја донесе РКЕ во текот на вечерните часови.

-Вечерва можеме да очекуваме дополнително намалување и на дизелот и на бензинот, додаде Бектеши.

Од синоќа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за 3,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари/литар.

Од 16.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 59,299 (денари/килограм).

Слични содржини