Бектеши од Прага: Северна Македонија е дел од Европа и само со заеднички мерки можеме да се справиме со енергетската криза

од Nikola Popovski
127 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Прага, Република Чешка учествуваше на неформален состанок на на министерите за енергетика на Европската унија.

На состанокот на кој свое обраќање покрај домаќинот, министерот за трговија и индустрија на Чешка, Јозеф Сикела имаше и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика ќ, беше претставен патоказот за понатамошните активности за справување со високите цени на енергијата, како и можностите за обезбедување на природен гас по достапни цени за потрошувачите во Европа.

На неформалниот состанок на кој покрај земјите членки на Европската унија происуствуваа и земјите членки на Европската енергетска заедница.

Министерот Бектеши во своето обраќање на неформалниот состанок кажа дека Западен Балкан треба да биде вклучен во нивните преглог мерки, додавајќи дека очекуваат поддршка од ЕУ, затоа што Северна Македонија е дел од ЕУ и само заедно можеме да ја надминеме оваа криза.

“Само што завршивме со состанокот со министрите за енергетика во склоп на ЕУ членките каде разговаравме за и Западен Балкан да биде вклучен во нивните предлог мерки кои највероватно би требало да бидат усвоени во наредниот период. Ние како Северна Македонија го кажавме нашиот став во тоа што очекуваме како поддршка од страна на ЕУ со конкретни мерки а кои ќе бидат таргетирани само за земјите од Западен балкан пошто како што наведовме и на состанокот ние се чувствуваме како дел на Европскиот континент и само заеднички ќе можеме да се сравуваме што подобро со енергетската криза”.

Мерките кои што ги предлага Европската комисија, а кои треба да се донесат следниот месец е земјите членки да изберат соодветни мерки според кои ќе имаат намалување на вкупната потрошувачка на електрична енергија за 10% до крајот на март 2023 година, односно задолжилено намалување на потрошувачката за најмалку 5% во часовите на шпиц во периодот помеѓу 1 декември 2022 година и 31 март 2023 година.

Мерка за справување со енергетската криза која беше предложена е и ограничување на приходите за производителите на електрична енергија и распределба на вишокот приходи. Оваа мерка би се применувала за производители на електрична енергија од обновливи извори, нуклеарни, лигнит, тресет и централи на мазут. Пазарните приходи се  ограничени на 180 EUR/MWh, а собраните вишок приходи би се користеле за ублажување на влијанието на високите цени врз крајните потрошувачи.

Како една од мерките која ја предлага Европската комисија е и солидарен придонес од бизнисите со фосилни горива кој би се применувал за компании кои се занимаваат со производство или трговија со природен гас, сурова нафта и нафтени производи, вклучувајќи рафинерии и јаглен.

Собраните средства би се користеле за поддршка на семејствата и бизнисите за да се ублажи ефектот од високите цени на енергијата.

Пред почетокот на неформалниот состанок на министерите за енергетика на ЕУ, беше одржан состанок на земјите членки на Енергетската заедница со Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лоркривски на кој се дискутираше за очекувањата за снабдување со енергенси како и мерките кои ги превземаат членките за справување со енергетската криза .

Слични содржини