Бектеши од Тирана: Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери

од Nikola Popovski
188 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана, Албанија учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес.

Министерот Бектеши во своето обраќање на бизнис форумот насловен „Предизвици и потенцијали  на заедничкиот регионален пазар- патот кон единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери, одобрување на сите протоколи и нивно имплементирање врз основа на стандардите и регулативите кои земјите од ЕУ ги побарале и воспоставиле

На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес.

„Кога слушаме емотивни говори од оние кои го водат бизнис секторот и кои се враќаат на минатото, сметам дека сме на погрешен пат. Мораме да одиме напред за да го подигнеме животниот стандард на граѓаните, да имаме економски раст и со тоа да создадеме можности за просперитет на младите“, изјави министерот Бектеши на Бизнис форумот на земјите од Берлинскиот процес на кој учествуваа над 180 компании од регионот и од Европа.

Што се однесува до улогата на ЕУ, министерот подвлече дека тааа треба да биде отворена врата за земјите од Западен Балкан, со оглед на тоа што Северна Македонија и Албанија се веќе во процес на скрининг.

„Ако сакаме да имаме раст, план за раст кој ќе се применува во рамките на Западен Балкан мора да работиме заедно и да не гледаме само на нашите внатрешни економии“, рече министерот Бектеши.

Тој додаде дека Северна Македонија е целосно посветена и поддржува вакви иницијативи, особено во вакви настани да се обединиме, да го оставиме минатото зад себе бидејќи минатото ни создава тешки проблеми.

„Младите бараат нови можности, внатре во ЕУ, а ние сме дел од европскиот континент, па зошто да го немаме тој просперитет во нашите земји“, изјави Бектеши.

Исто така, министерот истакна дека Северна Македонија целосно го поддржува протоколот ЦЕФТА, иницијативите на ЕУ.

„Но, ние бараме повеќе од тоа бидејќи мислам дека ЕУ има потенцијал да посвети повеќе внимание не само со зборови, туку и со дела за земјите од Западен Балкан, а што се однесува до внатрешните проблеми што ги имаме, наша обврска е да разговараме отворе но и да рефлектираме“ – рече министерот Крешник Бектеши.

Слични содржини