Бектеши: Од утре производителите на прехранбени производи треба да им понудат намалени цени на маркетите

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува од утре да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката
на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.

„Јас очекувам утре сите тие производи кои се наведени во одлуката на Владата во делот за замрзнување на маржата да имаат намалување од најмалце од 10 отсто, веќе имаме кај маслото за јадење одредено намалување, утре се очекува дополнително намалување да има во делот на лебот и месните производи“, вели Бектеши.

Според министерот, намалувањето на цените нема да биде веднаш во маркетите поради залихите.

Слични содржини