Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска учествуваа на тркалезна маса со експерти и надворешни соработници на Атлантскиот совет во Вашингтон на тема евроинтеграцијата на Северна Македонија, и регионалните состојби и проекти.
Бектеши пред експертите од Атлансткиот совет истакна дека потпишување на Договорот од Преспа придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста на земјата што е важно не само за Северна Македонија туку за сите земји во регионот. Истакна дека Владата на Северна Македонија е фокусирана на мерки за економското закрепнување и долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата, со главен фокус зголемување на привлечноста на странски инвеститори.
„Засилено инвестираме во подобрување на патната и енергетската инфраструктура во земјата. Поддршката од САД како наш стратешки партнер е од големо значење за забрзување на овие процеси. Подобрувањето на регионалната поврзаност и зголемувањето на енергетската независност со диверзификација на изворите на снабдување со енергенси е силен позитивен импулс за странските инвеститори и секако за целокупната економија“, кажа Бектеши.
Министерот на тркалезната маса говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување, а ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори кои ја ппзиционираат земјата како лидер во регионот во делот на енергетската трансформација.
Кажа дека секоја криза, како што беше и енергетката криза треба да се гледа како шанса и можност за целиот регион со што ќе придонесе просперитет за сите граѓани.
Министерот Бектеши информираше дека Северна Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, а ги претставни и економските, технолошките и инвестициските потенцијали на нашата земја.
Земјата, како што кажа министерот Бектеши, започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија. Овие инвестиции, како што истакна министерот, се значајни за поврзување и економски раст на целиот регион.
Јорн Флек виш директор во Атлантскиот совет истакна дека Северна Македонија е позитивен пример и успешна приказна во регионот за стабилност и сигурност што беше постигнато со Договорот од Преспа и со членството во НАТО.