Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска појасни дека најверојатно нема да дојде до промена во четирите тарифни блокови за потрошувачка на електричната енергија.
-Во делот на домаќинствата, претседателот на РКЕ најави дека се разгледува воведување блокови кај малите потрошувачи, кажа Бектеши на денешната заедничка прес-конференција со првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Тој додаде дека одлуката за евентуална промена во цената на струјата од 1-ви јануари, ќе се носи во интерес на граѓаните.
-Не е во ред во време на криза, одредени домаќинства со повисоки приходи да имаат иста цена со граѓаните кои имаат просечни приходи. Одредени домаќинства во земјава трошеле повеќе од одредени компании и тоа големи. Зборуваме за над 30-40 мегавати месечно, што значи тие домаќинства ќе плаќаат согласни пазарните услови, а зошто да не и дополнително со маржа од страна на ЕВН Хоум и ЕСМ, рече Бектеши.