Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска ја повика опозицијата да ги поддржи сите законски решенија и ако не и се допаѓаат да понуди алтернатива
-Не само од петтиот сет економски мерки, туку и од четвртиот антикризен пакет се уште има законски решенија кои не ги поминале ни комисиите во Собранието. Тоа е вистината. Ја повикувам опозицијата која ги толкува бројките како што сака, да ги поддржи сите законски решенија, а ако не и се допаѓаат, да понуди алтернатива за да ги подобриме, не да блокира, порача Бектеши.
Тој вели дека четвртиот пакет ги дал своите резултати, но законските решенија уште стојат во Собрание.
-Во Собранието се уште има недонесени закони за реализирање на Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија од четвртиот сет мерки кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за да дава бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие законски решенија, нека понудат алтернативи за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат, рече министерот.
Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека се реалност забелешките на кои подолго време укажува опозицијата. Тој не знае, како што рече, зошто цел месец се чека да се донесат законите од петтиот пакет во Собранието. Според Муцунски, таквата неагилност загрижува.
– Веројатно недостасува соодветен дијалог со релевантните чинители, со стопанските комори, треба многу повеќе јавни средства да бидат влејани во приватниот сектор. Потребно е заеднички да се реагира, да се слуша гласот на сите засегнати страни. Постои одредена помош што ја поддржуваме и го повикуваме парламентрарното мнозинство, не знам зошто се чека веќе еден месец како точка на дневен ред да се стават законите кои се дел од петтиот пакет. Тие се доставени до Собранието во средината на февруари. Седницата со која ќе почне процесот на нивно донесување е закажана дури за следната недела, нагласи Муцунски.