128
Граѓаните знаат и виделе случаи во кои одредени производи произведени во С. Македонија имаат повисока цена од производи што ги увезуваме. Не е реторичка закана. Повеќе од сериозен сум, вака изјави министерот за економија, Крешник Бектеши околу најавата дека размислува за укинување на сите увозни давачки доколку продолжи трендот на зголемување на цените на основните прехранбени производи во земјава.
Бектеши зборуваше и за можното зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата после Нова година.
-Доколку се реализира планот за производство на Електрани на Северна Македонија, тогаш нема да има пораст на цената на струјата, рече меѓу другото Бектеши во емисијата „360“.