660
Нивото на невработеност е помало од 16%. Во 2017 беше 24%. Минималната плата од 9 се искачи на 15,200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија, рече министерот Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Топ тема“, обраќајки му се на соговорникот, Љупчо Пренџов од партијата ГРОМ.
Според неговите најави, минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година.
-Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22,23 илјади, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор… Само мининалната плата е зголемена за 100% за 4 години, колку што не е направено со години наназад, истакнува Бектеши.