Бектеши: Производите можат да се намалат и до 40%, Србија прави копи-пејст на нашите мерки

од Nikola Popovski
410 прегледи

Дополнително на одлуката за намалување на цените на производите, Владата направи и мала корекција каде што ќе им се дозволи на маркетите да прават акциски продажби со пониски цени од тие што ќе бидат замрзнати со одлуката. Дополнително сите трговци на мало и сите маркети ќе имаат обврска – ако во случај имаат намалување на одредени цени заради истекување на рокот на производот, тоа да го означат за да биде јасно за купувачите, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Тој беше дециден дека може да дојде до намалување на споменатите производи и до 30-40%, доколку во случај од 1-ви август па наваму имало толкаво зголемување на цената на производот.

Бектеши смета дека над 99,9% ќе биде почитувана одлуката за поевтинување на производите и дека во наредните денови и други производители, увозници и дистрибутери самоволно ќе се пријавуваат за да имаат можност да ја користат ознаката „гарантирана цена“.

Во однос на тоа дали повторно ќе прават проверки по маркети, министерот порача дека тоа е интерна работа на различни сектори во Министерството за економија, но доколку има простор во агендата – зошто да не.

Бектеши тврди дека не сме единствената држава во светот кои воведуваат вакви мерки за замрзнување на цените.

Многу земји од ЕУ кои веќе ги замрзнале цените, а да не зборуваме за држави од регионот. Пример е Хрватска, а Србија направила копи-пејст на нашите претходни мерки, што е добро за сите тие што се вклучени во дизајнирање на мерките кои даваат резултати, рече министерот.

Слични содржини