Бектеши: С.Македонија беше една од првите земји во регионот, која донесе мерки за справување со ценовните шокови

од Берта Китинска
230 прегледи

Заложбата на Владата е во услови на криза, без оглед каква, пред се, да ги заштити граѓаните и стопанството. Навремено ги донесовме мерките за прогласување кризна состојба и можам слободно да кажам дека Северна Македонија беше една од првите земји во регионот, но и пошироко која што веднаш донесе мерки за справување со ценовните шокови кои што дојдоа однадвор, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Со средствата кои што Владата ги обезбеди за АД ЕСМ, потенцира, компанијата беше задолжена да ги набави потребните количини на гас, мазут, јаглен со цел да ги активира сите домашни капацитети за непречена испорака на електрична енергија до Универзалниот снабдувач ЕВН хоум, но и топлинска енергија до корисниците на парно.

-Овие мерки резултираа со многу помала корекција на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која од почетокот на годината се зголеми за 9,4 отсто додека цената на струјата на берзите бележеше рекорди, како и помали цени на топлинската енергија за корисниците на парно од реалната пазарна вредност, односно цената изнесува околу 20 отсто од пазарната, потенцира Бектеши и додаде дека во цела Европа имаше покачувања на цената на струјата од 20 до 30 отсто, а во Турција за цели 120 проценти.

Нагласи дека реалното зголемување на цената ќе беше многу поголемо доколку Владата и АД ЕСМ не преземаа обврска да им помогнат на државните енергетски компании во наредниот период.

-Од 2018 година наваму од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, ЕСМ се јавува како стабилизатор на цената на струјата, со поддршка на Владата. Цената на струјата на берзите се движеше од 113 евра за мегават час во септември 2021 година до 315 евра во март 2022 година, со бројни осцилации, а во пик до 600 евра. Во вакви услови цената на ЕСМ за струјата на граѓаните е само 41 евро за мегават час кон ЕВН хоум, посочи Бектеши.

Слични содржини