113
Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека ќе поддржи секаква одлука што ќе донесе Владата, после одлуката на Уставниот суд за укинување на одредби од Законот за плати и надоместоци за избрани лица, со што е најавено зголемување на платите на функционерите.
-Во јавноста излегуваат политичари кои за да покажат дека се хумани и солидарни велат дека ќе донираат процент од платата. Секој што сака да донира не треба да го прави јавно, секој самиот може да поддржи одредена категорија граѓани. Целосно поддршка ќе дадам поддршка на Владата за било каква одлука, но не би требало да се користат вакви моменти за да се покажеме хумани. Одлуката на Владата ќе биде одлука на сите нејзини членови, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.