Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва изјави дека ако се зголеми планот за произвоството од страна на ЕСМ до крајот на годината, не очекува да има големо зголемување на цената на електрична енергија од 1-ви јануари 2023 година.
-Ако се повикуваме на цените на меѓународните берзи, неизбежно би било да имаме зголемување на цените на струјата, бидејќи ЕСМ со владина одлука му нуди универзалниот снабдувач, во овој случај ЕВН Хоум, цена од 48 евра за мегават час и моментално цените се околу 220 евра мегават час. Ако целосно се либерализира пазарот на електрична енергија во Македонија, мора да има зголемување. Но со субвенции на Владата особено за домаќинствата и малите компании, не очекувам дека ќе има драстично зголемување. Цената ќе биде поднослива. Очекувам во делот на регулираниот пазар, каде учествуваат малите и микро компании, да има и намалување на цените, рече Бектеши во емисијата „360“.