Бектеши смирува: Граѓаните да не чекаат во колони на бензиските пумпи, има гориво

од Nikola Popovski
375 прегледи

Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони, вели министерот за економија, Крешник Бектеши откако беше објавено дека во некои градови се чекало во колони на бензиските пумпи за да се наточи гориво.

Според министерот, ова е вештачки создадена ситуација.

-Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Бектеши додава дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.

Слични содржини