Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема д има ценовни шокови.
-Нема место за паника, нема да има притисок врз цените, ниту ќе има ценовни шокови. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Моментно нема потреба да се стават во фунција, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, рече Бектеши.
Тој вели дека анализите покажуваат дека руско-украинскиот конфликт директно не би влијаел врз македонската економија, имајќи ја предвид трговската рамзнеа.
-Кризата индиректно може да влијае, посебно во делот на енергенсите зашто директно сме поврзани со над 70 отсто од трговската размена со ЕУ, но ги преземаме сите соодветни мерки на дневна основа за да нема ценовни шокови, посебно за клучните производи кои се најважни за потрошувачите и нашите граѓани, истакна министерот.
Бектеши апелира сите трговци да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи зашто од неа, како што истакна, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата.