Бектеши смирува: Оваа зима нема да биде потешка од претходната

од Nikola Popovski
228 прегледи

Нашите очекувања се дека оваа зима нема да биде потешка од тоа што беше. Вистина е дека глобално се случуваат работи кои не одат во прилог на енергенските. Во делот на електричната енергија сме ги зголемиле сите капацитети и таму не гледам проблем. Во делот на природниот гас и нафтените деривати, тоа не влијае од нашите одлуки бидејќи сме увозници. Согласно движењата на берзата, така ќе ги носиме одлуките, рече министерот за економија, Крешни Бектеши, запрашан дали македонските граѓани можат да очекуваат потешка зима, со оглед на новото жариште на Блискиот исток, после воениот конфликт во Украина.

По одлуката на Бугарија да воведе такса за транзит на рускиот гас низ Бугарија кон соседите, Бектеши смирува дека не може да се воведе такса, а тоа да значи само за една држава.

-Во делот на гасоводот со Србија, не се закупени капацитетите од страна на Газпром, а тоа Бугарија го знае. Србија и другите држави можат да користат други извори, освен рускиот гас, за да бидат снабдувани. Во однос на нашата држава, тие сами ги давале во закуп на Газпром до 2030 година, освен последнитте што беа ослободени. Затоа бараме веднаш да бидат ослободени капацитетите и ние да бидеме снабдувани и од други извори, вклучувајќи го тука и Азербејџан, но и терминалите од Грција, кажа министерот.

-Да уцениш друга држава на ваков начин е неприфатливо и спротивно на начелата на работа на ЕУ. Бугарија треба да ги укине механизмите, додаде Бектеши.

Слични содржини