Бектеши смирува: Сè е под контрола, нема да има рестрикции на струја

од Nikola Popovski
277 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска упати смирувачки тонови до граѓаните и порача дека не се предвидени рестрикции на електрична енергија во тековиот период.

-Се е под контрола, бидете спокојни. Не се предвидени никакви рестрикции. Во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија сите потрошувачи.

На прашањето дали Владата размислува за стимулативни мерки за граѓаните за да заштедат на струја, па да добијат попуст за сметките, Бектеши вели дека сме првите во регионот што го направиле тоа преку воведувањето на блок тарифите.

-Ако ги земете во предвид бројките, потрошувачката е намалено од домаќинствата, а не сум слушнал поплаки во делот на висината на сметките, заот ашто воведовме правичен концепт – тие што ќе штедат ќе платат помалку, тие што нема да штедат, ќе платат повеќе. Се прават калкулации и за од 1-ви јануари. Не е предвидено големо поскапување на цената на струјата за домаќинствата и малите претрпијатија, одговори Бектеши на прес-конференција.

Слични содржини