Бектеши стапил во контакт со компаниите што ги понуди Мицкоски, за утре закажан состанок

од Nikola Popovski
211 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва информираше дека веќе се контактирани контактите и позициите што ги даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Владата за набавка на поевтини енергенси.

-Стапивме во контакт со компанијата за природен гас што ни ја посочи господинот Мицкоски. До крајот на оваа недела, во однос на компанијата за набавка на поевтин мазут ќе седнеме заедно со генералниот директор и советникот на премиерот да преговараме за условите, обврските што можеби ги имаат.

Утре е закажан состанок со компанијата за природен гас и нејзиниот генерален директор, а ќе присуствуваме Ковачевски, јас и советникот на премиерот и ќе разговараме лично. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас. Количините ги испративме, утре треба да ја добиеме понудата од компанијата. Се работи за компанија од Европа и средбата ќе биде надвор од земјава. Јавноста ќе биде информирама на транспарентен начин и во делот на понудата, потенцира Бектеши во вестите на Тв Сител.

Тој додаде дека сме блиску до договор со Србија околу размената на гас за електрична енергија.

-Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.

Слични содржини