Бектеши: ТЕ-ТО ќе работи седум дена во неделата од 5 часот наутро до 01 часот по полноќ

од Nikola Popovski
305 прегледи

АД ТЕ-ТО ќе работи седум дена во неделата од 5 часот наутро до 01 часот по полноќ и тоа со полна моќност, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, ЕСМ ќе ја откупува електричната енергија, а цената не треба да е повеќе од 170 евра по мегават час.

-Со производство на електричната енергија дополнително ќе се обезбеди топлинска енергија, информира министерот.

Владата соопшти дека одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31.01.2022 година.

-Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија, соопштија од Влада.

Врз основа на претходното се согледува дека АД ТЕ-ТО има производствен капацитет кој не е во целост искористен, во текот на викендите и има вишоци во работните денови кои можат да бидат искористени за домашниот конзум.

Инсталираниот капацитет на АД ТЕ-ТО изнесува 227 МW.

Слични содржини