Бектеши: Трговијата е значаен поттик за зголемување на соработката во регионот

од Nikola Popovski
205 прегледи

Република Северна Македонија дефинираше среднорочна политика за поголема отпорност на економијата која се темели на повеќе платформи во периодот од 2021 до 2025 година. Политиките опфаќаат: Паметен раст за закрепнување и одржлив развој на економијата , Фискална консолидација, Економски инвестициски план, Зелена агенда и Ревизија на постојните договори за слободна трговија. Повеќето платформи се базирани на регионот како стратешки документи за влијание врз економскиот развој и соработката во регионот.

„Економско-инвестицискиот план е клучен документ за Западен Балкан, развивајќи на нови иницијативи и проекти за создавање на посилни врски и мрежи во инфраструктурата, дигитализација и поврзување на енергијата и транспортот, како нов стимул за економски раст. Заедничката позиција на овој план е подобра поврзаност на економиите во регионот во фундаментални реформи за развој на заеднички регионален пазар заснован врз законодавството на ЕУ, со цел регионот да стане поатрактивна област за инвестиции“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот информираше дека Сверна Македонија како можност за олеснување на трговијата во регионот воспостави заедничка гранична контрола – едношалтерски систем со Србија и интегрирано управување со границите на Табановце – Прешево за стоки и патници, а најави дека на овој начин за заеднички контроли наскоро ќе биде воведен со Република Албанија на граничниот премин Ќафасан, каде неодамна беше изграден комплетно нов терминал.

“Во пракса, веќе започнавме со активности за проширување на зелените коридори кон Бугарија и Грција. Овој концепт ги прави коридорите поефикасни за извоз, увоз и транзит на стоки, како зелени ленти што овозможуваат побрз транзит на одреден трансфер на потребната стока“ потенцираше министерот.

Бектеши кажа дека Република Северна Македонија неодамна започна со процес на ревидирање на договорите за слободна трговија со дел од трговските партнери на земјата, дозволувајќи повисок повластен третман и либерализација на трговијата.

“Сето ова треба да ја прошири веќе создадената област за слободна трговија. Степенот до кој ова може да се постигне ќе оди на некој начин кон обликување на иднината на трговијата и синџирите на вредности на регионално ниво, истражувајќи нови теми за да им помогне на деловните субјекти да имаат корист од повластената трговија. Сите овие се цели на нашата трговска политика што придонесува за нашиот економски раст“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потсети дека Пандемијата КОВИД-19 ја предизвика најголемата здравствена и економска криза во светот досега со што беше нарушен нормалниот проток на трговијата, влијаеше на извозниот сектор на земјата и ја намали економската активност. Пандемиските импликации врз глобалната економија се присутни дури оваа година, додека масовната вакцинација на населението заврши.

Инфомираше за социо-економските мерки кои ги донесе Владата за ублажување на загубите кај најпогодените сектори со кои се „омекна“ падот на економијата на -4,4% и пад на увозот и извозот од 10%.

Сепак, како што кажа министерот нашата надворешно-трговска размена во најголем дел се спроведува во рамките на договорите за слободна трговија. Досега, мрежата на повластена трговија е со 41 земја, сите опфатени во 6 договори, со државите од ЦЕФТА, држави на ЕФТА и членки на ЕУ и билатерални договори со Турција, Украина и Велика Британија и Северна Ирска. Сите овие трговски партнери учествуваат со 75% во вкупната трговија на Република Северна Македонија во 2020 година.

„Нашиот трговски проток продолжува на ист начин оваа година, заради високиот систем на повластено тргување, и покрај несигурноста и големите ризици во време на пандемија“ заклучи министерот Бектеши.

Слични содржини