Бектеши: Туристичките агенции ќе добијат ваучери за да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани

од Берта Китинска
283 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектешки на денешната прес-конференција презентираше ваучери како мерка за заштита на туристичкиот сектор кој е најпогоден од кризата со коронавирусот.

-Туристичките агенции ќе добиваат ваучери за да може да ги обесштетат клиентите чии патувања се откажани заради пандемијата со коронавирусот, лицата кои уплатиле одредена сума на пари нема да ги изгубат уплатените средства, туку ќе добијат ваучер во висина на уплатата што ќе може да го искористат за друго патување.Во случај некоја агенција да затвори и да прекине со вршење на дејноста, ќе мора парите во целост да им ги врати на клиентите“, рече Бектеши.

Слични содржини