Бектеши: Угостителските објекти кои организираат свадби остануваат затворени

од Берта Китинска
336 прегледи

Угостителските објекти за свадби согласно препораките на Комисијата моментално се затворени,  но ако има можност до пред сезоната секако дека ќе направиме напори да бидат отворени и да се стават во функција, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести и овие ресторани остануваат затворени.Како што беше во четвртиот сет на економски мерки и сега со петтиот сет на економски мерки секако дека тие дејности кои ќе бидат затворени со одлука на Владата по предлог на Комисијата ќе бидат дополнително поддржани од страна на Владата се со цел да бидат ликвидни, но истовремено и да ги зачуваат работните места-изјави Бектеши.

Тој потсети дека останатите угостителски објекти работат до 21 часот и за нив нема рестрикции. Во првите два месеци од оваа година, посочи министерот се враќа економската активност во државата.

 

 

Слични содржини