Министерот за економија, Крешник Бектеши уверува дека цената на електричната енергија од 1-ви јануари нема да се зголеми, согласно новата методологија.
-Граѓаните кои што имаат повеќе потреба за поддршка, генерално се во склоп на првиот и вториот блок во делот на потрошувачката. Повеќе од 40-50% од нашата потрошувачка е во тие два блокови. Ние не треба да субвенционираме граѓани со големи приходи и трошат колку што троши една фабрика. Тие граѓани да плаќаат согласно пазарот и за тоа што го трошат. Имаме домаќинства кои што имаат речиси станови и викендици низ Македонија и кога и отидат таму имаат струја, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, го плаќаме ние кои секојдневно живееме во нашите домови, рече Бектеши, додавајќи дека евтината тарифа ќе продолжи да се имплементира и понатаму.
-Ставката ќе биде платена низ текот на цела година, а во делот на цената во дистрибутивната мрежа, ќе биде намалена за првиот и вториот блок, каде што се повеќето наши потрошувачи, истакна денеска министерот.