Бектеши уверува дека сè додека е министер, ЕСМ нема да се продава

од Nikola Popovski
358 прегледи

Првиот човек во ресорот економија, Крешник Бектеши уверува дека не е предвидена продажба на АД ЕСМ, туку да се засилат нивните капацитети, со цел да биде стожер на енергетскиот сектор во нашата држава.

-Не знаеме дали во иднина ЕСМ би отишла на продажба. Додека јас сум министер за економија и ДУИ е дел од власта, тоа никогаш нема да се случи. Нашата политика е дека треба да имаме домашно производство и капацитети, со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните за да имаат пониски цени, кажа министерот.

Дециден е дека нема да има продажба.

-Ако некој друг има друга опција, нека ја презентира јавно пред граѓаните, па они нека одлучат дали сакаат да се продаде ЕСМ или не, кажа Бектеши.

Во меѓувреме, компанијата која управува со државните електрани си го прибра ТЕЦ Неготино. Централата се спои со ЕСМ и повеќе нема да биде засебен правен субјект. Целиот имот на ТЕЦ Неготино сега е во сопстеност на ЕСМ.

Слични содржини