Бектеши: Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември оваа година

од Nikola Popovski
247 прегледи

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик, информира денеска министерот Крешник Бектеши.

Според него, со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети.

-Досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари. На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на Јавниот повик на Министерството за економија“, стои во објавата на Бектеши.

Тој вчера соопшти дека сите граѓани што аплицирале за ваучер за домашен туризам и што ги исполнуваат условите, ќе ги добијат.

„Нема да биде како претходно, прв дојден – прв услужен, затоа што Министерството за економија во соработка со финансии и пратениците обезбеди средства за сите да бидат покриени, со што над 4000 ваучери од наредната недела ќе бидат достапни. Не сметам дека доцниме со нив“, рече Бектеши.

Слични содржини