Откако беа воведени маржите и мерките редовно се прават контроли, мојата задача како министер за економија и сите членови на владата е да ги посетиме нашите домашни компании, да разговараме отворено и транспарентно за нивните потреби со што тие се соочуваат во делот на креирање на мерки кои ќе бидат соодветни во интерес и на бизнисот и гражаните,вели министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 Отворено.
-Владата и министерствата не одлучуваат во кои маркети ќе се оди, за контроли има соодветни институции, УЈП и Државниот пазарен инспекторат кои работат согласно нивните редовни планови. Овие контроли се направени редовно и тоа го потврди и менаџментот на ланецот на супермаркети и постапуваат по претставки од граѓаните, рече Бектеши.