Бектеши: Во вратените цистерни со мазут, имало поголемо количество на вода и пепел

од Nikola Popovski
591 прегледи

„Се сублимираат сите извештаи. Утре, а најдоцна до среда ќе излеземе со вицепремиерот и ќе ги објавиме сите детали за увозот на мазут“, изјави денес на прес-конференција, Крешник Бектеши.

Тој наведе дека веќе неколку цистерни се вратени, затоа што при контролата на акредитираната лабораторија, откриено е поголемо количество на вода и пепел во мазутот.

„Ако во нашата земја е дозволено 1 %, во мазутот имало 4 или повеќе проценти вода. Исто така имало и надминување на параметрите на пепел. Извршена е контрола на мазут во компаниите кои увезле во последните 3 години. Имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени“, додава Бектеши.

Според него, Државниот пазарен инспекторат ќе достави информација до РКЕ, која понатаму ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или одземање на лиценцата на овие компании.

 

Слични содржини