Бектеши: Во време на војна и кризи треба да има што помал товар врз граѓаните

од Nikola Popovski
212 прегледи

Се соочуваме со една од најголемите кризи. Владата и енергетските компании како МЕПСО и ЕВН, во соработката со РКЕ презедоа низа мерки во соодветно време. Сите пратеници на транспарентен начин го донесоа ребалансот на Буџетот, со кој ќе се издвојат средства за граѓаните, рече министерот за економија, Крешник Бектеши од собраниската говорница.

Што се однесува до електричната енергија, има за цел заштеда и од домаќинствата и од индустријата, вели Бектеши.

-Ги ставивме сите капацитети во производство. Ќе имаме капацитет од три блока во термоелектраните Битола, Неготино и Осломеј. Денес ако ги видиме меѓународните пазари, ќе забележиме дека цената на мегават е над 500 евра. Со одлука на Владата, граѓаните ќе имаат струја по 48 евра од мегават, што е речиси десет пати помалку од меѓународните пазари, информира Бектеши како одговор на пратеничко прашање прашање и додаде дека во време на војна и криза, треба сите да се солидаризираме и што помал товар да има врз граѓаните.

Слични содржини