Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека викендов бил во Белград, каде што имал средба со компанија регистрирана во Швајцарија, иако како што наведе, сопствениците се од регионот. Компанијата е една од контактите и позициите што ги понуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијн Мицкоски за набавка на поевтини енергенси.
Според Бектеши, тоа е компанија за снабдување со природен гас кој доаѓа од Русија,преку турски тек.
-Голема работа ни заврши Ковачевски со бугарскиот претседател Радев. Утре патувам за Чешка каде што ќе имам состанок со сите министри за енергетика од Европската комисија. Внимателно следиме и кога ќе имаме конкретна понуда од овие контакти или позиции ќе ве информираме во детали. Во делот на набавка на мазут, се работи за компанија од Босна и Херцеговина, појасни министерот на прес-конференција.