Бектеши за предлогот на Мицкоски: Нека ни каже како се носи гас од Унгарија и Австрија, ќе го поддржиме

од Берта Китинска
316 прегледи

Предлогот за мене како министер, верувам и за Владата е прифатлив, само треба да ни покаже како да носиме природен гас од Унгарија и Австрија во Северна Македонија, знаејќи дека имаме само еден цевковод што му припаѓа на природен гас, а тоа е со Република Бугарија, вака министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Клик 21“одговори на предлогот на Христијан Мицкоски за осигурување на природен гас.

Бектеши рече дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е апсурден, но доколку тој има информации како да се транспортира гас во Македонија, тогаш Владата е подготвена да разговара за ова прашање.

„За мене понудата на господинот Мицкоски беше прифатлива. Може да седнеме денес, да ни кажеме кои терминали имаат слободни капацитети, ќе најдеме легален начин и средства од буџетот и ќе ги резервираме тие капацитети, но колку што воопшто знаат граѓаните, Северна Македонија технички не може да се снабдува со природен гас од гасни терминали во Унгарија и Австрија“, рече меѓу другото Бектеши.

Слични содржини