Бектеши за увозот на опасен мазут: Директорот на ДПИ кажал многу невистини, ја користел мобилната лабораторија само еднаш

од Nikola Popovski
294 прегледи

„Тоа беше одлично истражување се со цел некои работи да излезат на површина. Ние како држава, посебно Министерството за економија во последните 2 години, сме набавиле независна мобилна лабораторија, која е во сопственост на државата и која директорот на Државниот пазарен инспекторат (Стојко Пауновски) ја користел само еднаш во последниот период“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши, одговарајќи на прашање за сторијата на ИРЛ, во која беше објавено за увоз на опасен мазут во земјава.

Тој вели дека не сака да го користи зборот лага, но директорот на ДПИ кажал многу невистини, имајќи во предвид дека токму оваа мобилна лабораторија, можело да се користи за такви проверки, а тој ниеднаш не се обратил и не ја известил Владата.

„Пауновски продолжил да ги користи приватните лаборатории“, рече Бектеши и додава дека тие како министерство не се надлежни да се мешаат во работата на инспекторатите.

„Согласно последните законски измени, инспекторатите се поделени и одговараат пред Владата“, истакна министерот.

Слични содржини