Бектеши заработи кривична пријава, се огласија Груби и Адеми

од Nikola Popovski
939 прегледи

МВР поднело кривична пријава против екс-министерот за економија, Крешник Бектеши поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Од полицијата информираат дека на 7-ми мај годинава, „Бектеши од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“.

Со реакција се огласија од неговата партија ДУИ. Според, Артан Груби и Арбер Адеми, оваа акција на полицијата и двајцата е „политички прогон“.

„Заканите и политичкиот прогон од страна на владините партии и државните моноетнички институции се продолжение на стратегијата и напорите да се уништи моќната и легитимна албанска политичка репрезентација и да се замени со сервилни марионети кои ја поткопуваат државната моноетничност во замена за дозвола за развој на маалски политички игри. Истовремено, служи за покривање на 300-те скандали во првите 30 дена кои не вратија 30 години наназад со масовната неспособност и незнаење да ја водиме државата“, пишува Груби.

„Срамот, скандалите и вазалството, кршењето на волјата на албанскиот гласач пропратено со секојдневни и осудливи неуспеси, не можете да ги покриете со политички прогон за наводно постоење на какво било прекршување на Изборниот законик, каде загубата за вас е голема, многу голема. Знајте дека ќе не имате пред себе, со храброст и истрајност во нашата благородна мисија да го заштитиме достоинството на албанскиот гласач“, напишал Адеми на социјалните мрежи.

Бектеши беше министер во поранешната Влада од 2017 година.

Слични содржини