205
„Владата со сите мерки досега придонесе да се задржи ликвидноста на компаниите и дека со субвенциите за плати се задржани работните места. Во петтиот пакет мерки наместо исплата на плати ќе има бескаматни кредити со 12 месеци грејс период и 3 години рок на исплата преку МБПР“, соопшти вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши, во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој исто така истакна дека Македонија е една од земјите кои најдобро се справиле со пандемијата на економски план.
„Почнувајќи од зголемување на минималната плата преку мерките на Владата, кои освен субвенционирање на плати, издаваше и ваучери на граѓаните – ваучери за туризам и ваучери за користење на домашни продукти, прехрамбени и други“, посочи Бектеши.