Бектеши: Зимава граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје

од Nikola Popovski
243 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека оваа зима граѓаните ќе имаат можност да купуваат поевтино јужно овошје. Ова следува откако Владата утрово донела одлука за зголемување на квотите за увоз на јужното овошје.

-Оваа зима граѓаните ќе имаат пониски цени на мандарините, портокалите и лимоните. Наместо да биде квотата 8000 тони бидејќи ја имавме во делот на увозот, ќе се зголеми за дополнителни 2000 тони до крајот на годината, рече Бектеши во емисијата „Студио 10“.

-Мене ми е битно за субвенциите што им ги даваме на земјоделците нашите граѓани да бидат подмирени со производи со фер цени, а потоа може да има и извоз, додаде министерот.

 

Слични содржини