Познатата српска пејачка Наташа Беквалац го кажа својот став во врска со прашањето за вакцината против коронавирус во емисијата „Хит твит“ на ТВ „Пинк“.
Пејачката не размислуваше многу кога ја прашаа во шоуто дали ќе ја прими вакцината кога ќе пристигне во Србија.
„Едвај чекам вакцина, не бирам која. Само нека биде што е можно побрзо“, рече Беквалац.
Сепак, на прашањето за луѓето кои имаат став дека не сакаат да ја примат вакцината, пејачката даде дипломатски одговор.
„Тоа е индивидуална работа, јас го кажав моето мислење. Секој треба да биде одговорен колку што мисли дека треба да биде“, рече Наташа Беквалац во емисијата „Хит твит“.