Американскиот магазин Newsweek, повикувајќи се на руски медиуми, објави дека Москва во моментов тестира надградена верзија на најголемиот суперсоничен нуклеарен бомбардер и ракетен носач Туполев Ту-160М, познат и како „Белиот лебед“.
Весникот наведува дека Москва тестира подобрен модел на стратешкиот бомбардер кој ќе биде опремен со понапредно оружје и системи за електронско војување.
Руските државни медиуми го опишаа леталото како најголемиот и најмоќниот суперсоничен воен авион во светот досега, со променлива геометрија на крилата, според извештајот што го пренесува Newsweek.
Серијата Ту-160, исто така позната по ознаката на НАТО „Блек Џек“ и прекарот „Бел лебед“, е дизајнирана да ангажира цели со долг дострел во изолирани области со конвенционално и нуклеарно оружје.
Овој бомбардер, заедно со руските бомбардери Ту-95МС, го сочинуваат главниот дел од можностите на Москва со долг дострел.
Според военото издание The Drive, овој авион бил последниот стратешки бомбардер користен од руската армија за време на Студената војна.
Првиот лет го направи во декември 1981 година, а руските власти го рестартираа производството во 2015 година.
Новата верзија на Ту-160 е произведена во 2017 година, а прв пат полета на почетокот на 2018 година.
Ту-160 со четиричлен екипаж може да носи до 12 крстосувачки ракети способни за нуклеарен напад, како што е Кh-55, кои имаат максимален домет од 3.000 километри, а дострелот на самиот авион е 12.500 километри.
До почетокот на 2023 година, Русија имаше девет бомбардери Ту-160 опремени со крстосувачки ракети за нуклеарни напади Kh-55SM, заедно со седум дополнителни модифицирани верзии на авионот.
Моделите Ту-160 често се споредуваат со тешкиот стратешки бомбардер B-2 Spirit на американските воздухопловни сили или B-1 Lancer, суперсоничен тежок бомбардер со променлива геометрија.
Извештајот покажа дека актуелната војна во Украина го ставила центарот на вниманието на руските воздухопловни сили, при што ниту Москва ниту Киев не можат да воспостават воздушна супериорност во неколкумесечните жестоки борби.