Пејачот Дамиано Давид, фронтменот на групата „Манескин“, кој го освои првото место на Евровизија, привлече големо внимание во јавноста со својот атрактивен изглед и импресивниот глас.
Освен со неговите атрибути, победникот на музичкиот натпревар е во центарот на вниманието и поради видеото кое ги преплави социјалните мрежи, во кое наводно консумира недозволени супстанции.
Од Евровизија се огласија за овој скандал што го тресе целиот свет и, како што пишуваат странските медиуми, целиот бенд ќе биде тестиран за дрога, со цел да се отстранат сомнежите
Бидејќи случајот не е завршен, докази излегуваат на виделина. Откако се појавија слики на кои се гледа стакло околу победникот (во твитот подолу), сега се појави нова слика која поттикна сомнеж.
Look ad this pic the Drugs is in the table pic.twitter.com/9RHcpKB0aB
— MynameisJill (@JillMynameis) May 23, 2021
Фановите видоа бело пакетче на масата каде што седеа претставниците на Италија.
Социјалните мрежи зовреа од коментари дека не станува збор за кокаин, туку стуткана салфетка, додека други го мислеа спротивното.
Кој е во право, проценете сами.