„Бел штрајк“ на полицијата во Словенија, пишуваат само мали казни за прекршоци

од desk4
101 прегледи

   Полицајците во Словенија од денеска штрајкуваат со пишување мали казни за прекршоци што не загрозуваат јавна безбедност бидјеќи Владата не исполнува нивни барања за зголемување плати и подобрување на условите за работа.

Тој протест е наречен „бел штрајк“ и според полицискиот синдикат тој потег нема да ја загрози безбедноста на државните граници.

За време на штрајкот полицијата ќе интервенира за потребите на државата и граѓаните.

Според словенечки медиуми, со помалите казни полицајците намалуваат приходи во државниот буџет. Новиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар најави дека е подготвен да разговара со претставници на полицискиот синдикат за нивните барања.з