Бела Адид: Јас сум горда муслиманка

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Супермоделот Бела Адид призна дека се чувствува горда да биде муслиманка. Манекенката, чиј татко Мохамед Адид пристигнува на 14 години во САД како бегалец, вели дека поради таа причина проблемот на бегалците е близок до нејзиното семејство. “Мојот татко е бегалец кога пристигнува за прв пат во САД, па тоа е всушност многу блиско до сестра ми, брат ми и мене”, рече таа во интервјуто за магазинот Net-a-Porter.

“Тој секогаш бил религиозен и секогаш се молеше со нас. Се гордеам да бидам муслиманка “, додаде таа. Во јануари 22-годишната Бела и нејзината сестра Џиџи беа забележани на протест против имиграцискиот указ на новиот американски претседател Доналд Трамп во Њујорк.

Таа и претходно се изразувала критично кон одлуката на американската моќ да го спречи пристапот на муслимани до земјата.

“Ние не треба да се однесуваме со луѓето како да не заслужуваат добрина, само поради нивното етничко потекло. Едноставно не е правилно. И ова послание – човек да биде внимателен секогаш кога може, е многу важно за мене “, додаде таа.

Минатиот месец 21-годишната Џиџи застана на првата корица на списание “Вог Арабија”.