САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни активности како одговор на нападите на Хутите во Црвеното Море, соопшти денеска Белата куќа.
„Не сме заинтересирани за војна со Јемен. Не сме заинтересирани за конфликт од каков било вид овде“, изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби за новинарите, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека сè што прави американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да спречи каква било ескалација на конфликтот, вклучително и напади во текот на ноќта.
Во текот на ноќта САД и Велика Британија извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, во кои загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.
Хутите, кои се поддржани од Иран, во последните недели напаѓаа бродови на важни водни патишта и гаѓаа беспилотни летала и проектили врз самиот Израел.
Членот на политбирото на Хутите, Мохамед Али ал Бухаити денеска изјави дека јеменската милитантна група ќе нападне бродови поврзани со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.