Американскиот претседател Џозеф Бајден не бил однапред информиран за рацијата во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, соопшти денеска Белата куќа, нагласувајќи дека министерството за правда спроведува независна истрага.
„Претседателот не бил информиран, не бил свесен за тоа, ниту пак некој од Белата куќа знаел за тоа“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Поранешниот американски претседател Трамп денеска изјави дека агенти на ФБИ извршиле рација во неговиот имот во Мар-а-Лаго на Флорида.