Белата куќа им го ограничи доаѓањето на работа на 2,1 милион луѓе

од Aleksandar Petrovski
185 прегледи

Американската Влада им го ограничи доаѓањето на работа на 2,1 милион свои работници, охрабрувајќи ги луѓето да работат од дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Меѓутоа, варираат директивите на сојузните служби околу начините за управување со ризикот од заразата.

Речиси една четвртина од работниците се наоѓаат во Вашингтон, каде е затворена црква, популарна меѓу владините претставници, откако пасторот бил позитивен на тест за коронавирус, а пријавено е дека учесниците на две неодамнешни конференции имале коронавирус.

Канцеларијата која ја одредува владината кадровска политика, ги охрабрува службите да ги преиспитаат плановите за вонредни ситуации, со цел да обезбедат „континуитет на операциите“.

Плановите подразбираат работа од дома и „социјално дистанцирање“, луѓето не треба да се приближуваат едни кон други, ниту да се допираат.

Во Вашингтон има пет конгресмени во самоизолација, откако биле во контакт со лице на кое подоцна му е дијагностициран коронавирус.

Слични содржини