Белата куќа луто ги негираше шпекулациите дека претседателот Доналд Трамп, или неговата администрација, лажеле и клеветеле во обид да ја прекинат истрагата за можни врски на луѓе од неговото опкружување со Русија.

“Со сигурност можам да кажам дека претседателот не е лажго и искрено јас сум навредена од ова прашање”, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс за време на брифингот. Нејзината изјава нејзиното доаѓа на позадината на сослушувањето пред сенатската Комисија за разузнавање на поранешниот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ) Џејмс Коми, кој ја обвини администрацијата на претседателот во тоа дека го оклеветила него и службата која го предводи.
“Потоа администрацијата избра да ги оклевети мене и – уште поважно, ФБИ, велејќи дека организацијата е во неред дека е лошо раководена дека работната сила ја изгубила довербата во својот лидер”, изјави тој за време на сослушувањето.
Самиот Трамп, кој во исто време одржа говор на верска конференција, не сакаше да коментира директно изјавите на Коми.
“Ќе се бориме и ќе победиме”, рече претседателот за време на говорот. “Знаеме како да се бориме подобро од било кој друг и ние никогаш нема да се предадеме. Ние нема да се откажеме, ние сме победници и ќе се бориме и ќе победиме, имаме една неверојатна иднина “, рече тој. “Тие ќе лажат, ќе пречат, ќе ја шират нивната омраза и нивните предрасуди, ние нема да отстапиме од она што е правилно”, додаде претседателот Во меѓувреме отворениот дел на сослушувањето на поранешниот директор, која траеше речиси три часа, заврши. / АФП