Белата куќа повика на ослободување на Навални и приведените демонстранти

од Nikola Popovski

Белата куќа ја повикува Русија да го ослободи опозиционерот Алексеј Навални и сите уапсени за време на протестите викендов, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Едноставно ќе го повторам нашиот повик до руските власти да ги ослободат сите уапсени заради остварување на нивните универзални права и веднаш и безусловно да го ослободат Алексеј Навални“, рече Псакие, неодамна назначен портпарол на претседателот Џо Бајден, по читањето на соопштението од Стејт департментот.

Зборувајќи за одговорот на притворот за Навални, таа рече дека американскиот претседател Бајден ќе ги остави сите опции на маса.

„Како и секогаш, претседателот го задржува правото да одговори кога и како ќе одлучи. И во тој случај, нема да ја исклучи (која било) опција“, рече таа.

Портпаролката потсети дека Бајден им нареди на разузнавачката заедница и другите структури да ги испитаат неодамнешните настани кои и се припишуваат на Русија, како што е хакерскиот напад преку софтверот „Соларен ветер“ и наводното труење на Алексеј Навални.

Слични содржини