САД ги повлекуваат своите трупи од Авганистан затоа што проблемот во земјата нема воено решение и присуството на војници таму не носи придобивки. Вашингтон не ги проценува своите постапки со изјава дека мисијата е исполнета, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
„Тој (претседателот на САД Џозеф Бајден) донесе одлука по јасна проценка, делумно затоа што никогаш не виде воено решение“, објаснила Псаки.
Портпаролката додаде дека по пристигнувањето на новата администрација, донесена е одлука за времето на повлекување на трупите, а Вашингтон продолжува дипломатски и преку хуманитарна и безбедносна помош да го поддржува тековниот процес во Авганистан, вклучително и политички преговори
„Основното прашање со кое се соочи (Бајден) е … дали, по 20 години, има смисла да се вклучат уште повеќе американски војници во граѓанската војна во Авганистан“, истакна таа.
Според неа, пред 20 години, кога започна операцијата, Вашингтон ги постигна своите цели: ги пронајде терористите кои го нападнаа Њујорк на 11 септември, го изведоа пред лицето на правдата лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и ја ограничи можноста Ал Каеда да им се заканува на САД.
Таа додаде дека администрацијата разбира дека повлекувањето на војниците ќе доведе до зголемување на насилството и ќе ја комплицира безбедносната состојба.
„Ако не ја донесевме оваа одлука, тоа ќе имаше сериозни последици“, истакна портпаролката на Белата куќа.
Според неа, САД не го оценуваат повлекувањето на своите војници како изјава дека „мисијата е исполнета“.
„Ова е дваесетгодишна војна што не беше добиена по воен пат“, заклучила Псаки.
Таа додала дека решението за ситуацијата во Авганистан може да биде само политичко и дека нема повеќе корист од воените акции.