Белата куќа: Русија знае што ќе се случи ако употреби нуклеарно оружје

од Берта Китинска

Високи претставници на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и дека Вашингтон ќе одговори одлучно, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа „Си-Би-Ес“.

„Разговаравме директно, приватно, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници ќе одговорат многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни за тоа што тоа повлекува“, рече Саливан, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Слични содржини